АКО ТИЕ ЗАВОЈУВААТ, ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ОСИРОМАШИ: Војна од само една недела ќе не чини премногу !

Вооружен судир меѓу Ријад и Техеран би имал големо влијание на пазарот на нафтата и глобалната економија. Доколку дојде до војна, цената на горивото би пораснала до 500%.

“Цената на нафтата сериозно би пораснала од ваква војна. Непризнатиот ирачки Курдистан, за време на постојана војна извезуваше 550.000 барели дневно преку турска територија. Со тоа, можеме да очекуваме голем скок на цената на нафтата и по првиот ден на ваков вооружен судир. Доколку Саудијците и Ирачаните ги нападнат нафтените полиња на противникот, цената на сировата нафта ќе скокне над 300 долари по барел”, изјави Михаил Машченко, финансиски аналитичар.

Инвестициониот аналитичар Глобал еф икса Иван Карјакин истакнува дека Саудиска Арабија, Ирак, Иран, Соединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар заедно произведуваат околу 28 милиони барели дневно, што е нешто помалку од 30% од светското производство, па затоа во случај на војна цената би скокнала за 180 долари.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.