Ќе има ли спас од дождот? – временска за цела недела

Променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд, ќе преовладува во Македонија до крајот на неделава, соопшти УХМР.

Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата.

Од четврток температурите ќе се пониски за неколку степени. Минималните ќе се движат во интервал од еден до 11, а максималните од 15 до 22 степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.