Ќе се пресмеете: Среде емисија Џеј Рамадановски се струполи од столица (Видео)

Фолк пејачот Џеј Рамадановски гостуваше во емисијата „Гламур“ на ТВ „Хепи“, а во текот на снимањето доживеа незгода за која и тоа како се коментира на социјалните мрежи.

Имено, кога пејачот се обиде да се симне од барската столица, во еден момент изгуби рамнотежата и паднал на подот од студиото.

За среќа не беше повреден, а водителот дотрча во помош. Виновна беше високата столица ама и неговата висина која овој пат му одмогна.

Видеото стана вирално, а не се сомневаме дека ќе го гледате повторно и повторно…


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.