Јуниорите на прилепскиот пингпонгарски клуб Младост 96 продолжуваат каде што застанаа сениорите

Во саботата во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”, по завршување на сениорските лиги во пинг понг, започна Јуниорската лига.

Играчите во јуниорска конкуренција за прв пат имаа можност да се натпреваруваат во ваков формат на натпреварување, во рамките на македонските пинг понг лига.

На ова натпреварување имаше пријавено 15 екипи во машка конкуренција и 6 екипи во женска конкуренција.

Првите две екипи од секоја група, во недела на 1 ноември, ќе учествуваат во финалните натпревари за борба од прво до осмо место, додека останатите екипи ќе се натпреваруваат во групата на утешни натпревари, за борба од деветто до шенаесетто место.

Учество зеде и ППК Младост96, и тоа со две екипи во машка конкуренција. И двете екипи изборија четврфинале за наредната недела.

Во женска конкуренција ППК Младост96 немаше пријавено екипа. Камелија Стојческа својот потенцијал ќе го прикажи на мастерсите, во конкуренција на У15 и У18 категории.

Првата екипа во состав: Лука Огненоски и Давид Јоноски, беше прва во групата, додека втората екипа во состав Петар Кочомилески и Андреј Анџиев, го зазедоа второто место во групата и се пласираа меѓу најдобрите осум екипи.

Да напомениме дека со исклучок на Кочомилески сите останати играчи се пионери, a успехот е за секоја почит. Во првата екипа отсуствувааа Никола Стојаноски и Иван Танески, со кого екипата во наредните утакмици ќе биди поконкурентна.

Во втората екипа отсутвуваа Филип Јанчески, Наум Наумоски и Николче Здравески. За месец ноември, покрај финалните натпревари во јуниорската лига, предвидени се и по еден мастерс во секоја категорија, со што би завршила и есенската полусезона во сите натпреварувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.