ЈКП “Комуналец” доби нов Директор – Градот мора одново да блесне од чистота

Рубин Абрашоски, е нов в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец,, – Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески, изборот го направи од постојните вработени во препријатието, каде Абрашоски, изминативе 16 години е докажан професионалец во своето работење во струката.

По вокација, Абрашоски е земјоделски инжењер, и досега ги извршува работните задачи како раководител на Одделението за хортикултура.

Неговото работно искуство во оперативниот дел, познавањето на сите сектори на ниво на претпријатие, како и познавањето на вработените, се гаранција да му се довери највисоката функција во јавното претпријатие, кое е од суштинско значење за функционирање на градот во делот на правилно тертирање и управување со отпадот, јавната чистота, одржувањето на паркови и зленило, управувањето и одржувањето на градските гробишта и ДООЕЛ ,,Терминал,, Комуналец Прилеп.

Абрашоски, доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Велески, кој поднесе оставка од функцијата.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.