Шампионот утре доаѓа на градски во Прилеп

По принудната двонеделна пауза поради репрезентативната и слободното коло по откажувањето на Ренова, се влегува во завршницата на есенската полусезона, до чиј крај остануваат уште 3 кола.

Црвено-белите во недела од 13 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе бидат домаќини на шампионот Шкупи. Првиот меѓусебен меч одигран во Скопје во рамките на 5-тото коло заврши без победник 1-1, и тој е еден од двата нерешени исходи на победашите.

Избраниците на Седлоски по серијата киксеви од стартот на сезоната ја подобрија формата, и со 6 победи и 2 нерешени во последните 8 кола, се вратија во борбата за 1-то место и одбрана на титулата. Несомнено Шкупи има поквалитетен ростер и поголем фонд на играчи, но црвено-белите и на Чаир покажаа дека можат да се носат со фаворитот.

За избраниците на Бабунски само максимален ангажман и залагање во 90-те минути, слично како на мечевите кога беа остварени победите над фаворизираните Брегалница и Струга, е рецептот за поволен исход во утрешниот меч. На располагање се сите играчи освен Паноски, комплетно се рехабилитира младиот репрезентативец Рамани, па може да се речи дека Победа во најдобар состав ќе му се спротистави на Шкупи.

Ова е првиот од двата домашни врзани дуели, последни во 2022 кога е во прашање фудбал на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Можеби позначајниот, оној во директната пресметка во борбата за опстанок од следното 17 коло против директниот конкурент Скопје, е следната недела на 4 декември во Прилеп.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.