Чулев: Спасовски очајно се обидува низ некаква премиерска “величина“ која му ја додели Заев да ги скрие xaoсот и безpeдието кои ги остави зад себе

Целата работа околу начинот и условите на користење на службените возила на МВР се сведува на фактот што истите беа несоодветно и непрофесионално користени. Тоа е имот кој им припаѓа на граѓаните и треба да им служи на граѓаните, а не за приватни и било какви партиски потреби. Зад целата прашина околу овој случај се надзира потребата да се проблематизираат изборите, и нивното оддржување, нешто што јас нема да го дозволам со сиот мој капацитет и капацитетот на институцијата со која раководам, порачува Наќе Чулев, министер за внатрешни работи во техничката Влада.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.