Чонески покажува како се гради пријателство со нашите чешки пријатели и поддржувачи

Крушево продолжува да ги гради и зајакнува пријателските врски со меѓународните партнери. Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Н.Е. Ирена Гецова.

На средбата биле разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји, размена на искуства и воспоставување нови партнерства во области од заеднички интерес.

Посебен акцент бил ставен на потенцијалите на Крушево, особено во развојот на туризмот, културата и локалната економија, области во кои соработката со меѓународните партнери може да отвори нови перспективи и можности.

„Верувам дека преку ваквите средби можеме да отвориме нови можности за соработка и да изградиме цврсти пријателски врски“, истакна Чонески, заблагодарувајќи ѝ се на амбасадорката за посетата и отворениот разговор.

Со ваквите контакти, Крушево настојува да ги зајакне меѓународните пријателства и да ги претвори во конкретни можности за развој и промоција на градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.