Четири нови случаи со коронавирус во Прилеп, а се делеа пакети во гужви во Тризла

Во изминатото деноноќие потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19 во Македонија. Сега вкупната бројка се искачи на 711 дијагностицирани пациенти.

Новодијагностицираните се по градови:

Скопје – 11, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар – 2

Во Прилеп сега вкупната бројка изнесува 50 заразени со Ковид 19. Градот под Марковите Кули моментално го зазема третото место во државата по број на заразени, а со денешните нови случаи го надмина Дебар.

Ова е вкупната бројка по градови:

284 – Скопје, 168 – Куманово, 50 – Прилеп, 49 – Дебар, 33 – Струга, 31 – Тетово, 20 – Штип, 19 – Кочани, 18 – Велес, 8 – Битола, 6 – Гостивар, 4 – Радовиш, 4 – Гевгелија, 4 – Охрид, 3 – Кавадарци, 3 – Крива Паланка, 3 – Крушево, 2 – Струмица, 1 – Пробиштип


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.