Циркуз со паричката: Му ја наместија на градоначалникот за да се фали и фотографира (Видео)

По повод православниот празник, во Загреб вчера се одржал традиционален прием во организација на Српскиот национален совет, на кој се кршело и традиционалното бадниково лепче.

Токму овој адет предизвика големи реакции, кога на „Твитер“ се појави снимка на која попот му ја дава паричката на претседателот на Српскиот национален совет Милорад Поповиќ, а тој тајно му го подава на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Бандиќ потоа се фали со паричката.

Ако ова не е циркуз…, коментираат загрепчани.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.