Целовечерен концерт на репрезентот на македонската традиционална култура во Прилеп

На шести ноември, вторник, од 19.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи ансамблот “Македонија”, кој е репрезент на македонската традиционална култура.

Влезот е слободен.

Ансамблот е единствен во државата, од ваков тип и работи со професионалци, со кого раководат стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење.

Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетски код на еден народ. Уметнички менаџер е д-р Владимир Јаневски, а музички менаџер М-р Тимко Чичаковски.

Настапот на ансамблот Македонија е дел од годинашната програма на ЦК, поддржана од Министерството за култура.