Фонтаната во центарот на Прилеп, која е дел од комплексот “Карпалак” скапува во талог и тиња. Ваквата слика е подолго време, а надлежните воопшто не се трудат сликата да ја променат, иако на 8-ми август секоја година, тука се одбележува годишнината од загинатите прилепчани на Карпалак.
Зарем толку е тешко и скапо една мала фонтана да се стави во функција?


























