(Фото) Полна сала, одлична кошарка, но КК “Работнички” поквалитетен во Прилеп

Екипата на Мега Баскет од Прилеп, вечерва во салата во ООУ “Добре Јованоски”, во рамките од шестото коло од Третата лига ја пречека екипата на Работнички 2018.

И двете екипи претендираат за првото место на табелата и досега беа непоразени, а вечерва подобра беше екипата на Работнички. Крајниот резултат 84-100.

Публиката уживаше во одлична кошарка, а младата екипа на Мега Баскет покажа дека ја заслужува поддршката и во иднина.

Најдобар поединец во прилепската екипа беше Стефан Стевананџија.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.