(Фото) Ова е Зоран, а во Германија го викаат херој: Спасил девојче од kиндaпиpaњe во парк

Оваа е Зоран, сопственик на продавница во берлинскиот парк, а Германците го нарекуваат херој.

Да не бил тој и неговата храброст, кој знае што би се случило со девојчето кое непзнат маж се обидел да го kиндaпиpa во паркот. Непознатиот човек го искористил невниманието на мајката и го земал детето со себе.

Ова се случило на 18 јуни на игралиштето на еден берлински парк, преполн со родители и деца. Очевидец е една девојка (27) која на излегувањето од паркот видела како девојчето било одведено од постар човек, додека неговата мајка разговара со некои пријатели. Kиндапepoт го искористил моментот на невнимание…

– Како некој глас да ми говореше дека нешто не е во ред. Потоа се’ се случи пребрзо: го фати девојчето за рака и тргна, а детето едноставно го следеше. Ми беше јасно дека морам нешто да преземам- вели девојката, опишувајќи го човекот како висок маж во средни години со неуредна коса и брада.

Кога видела што се случува, девојката веднаш се упатила до продавницата на Зоран која била во близина. Зоран, како што вели и самиот, не размислувал ниту момент. Веднаш потрчал кон човекот кој веќе го кренал девојчето. Зоран истовремено го снимал целиот настан.

– Бев овде, дојдов со велосипед, вели Зоран за тиражниот германски весник Билд. Дојде жената и викаше:”Зоране, Зоране, мислам дека овој човек киндапиpa дете. Веднаш појдов и го прашав дали е тоа негово дете. Одма рече дека не е. Се согласи да се вратиме и се’ се заврши добро. Многу сум горд и му благодарам на Бога што бев во вистинско време на вистинско место.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.