(Фото) Колку чини “Не сакам ништо”: Сметка од плажа во Будва стана хит на социјалните мрежи

Додека летната сезона е во тек, впечатоците, искуствата и критиките на туристите не престануваат да се шират на социјалните мрежи.

Имено, на фејсбук страната “Подгорички времеплов” објавена беше фотографија од фискална сметка на плажата Јаз во Будва, на која како “продукт” е запишан одговорот на тројца гости кои “не сакале ништо”, па им наплатиле по 50 центи.

Додека во коментарите многу корисници истакнаа дека ова е нормална пракса ширум Европа, односно дека местото во угостителските локали се наплаќа во зависност од локацијата, голем дел од нив имаа и духовити коментари.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.