(Фото) Жесток судир во ЕУ: Франција го повлекува амбасадорот од Рим !

Откако Луиџи ди Мајо, заменик премиерот на Италија се состана со претставниците на движењето “Жолти елеци”, Франција одлучи да го повлече својот амбасадор од Рим.

Французите го повикаа својот амбасадор на консултација.

Франција претходно го предупреди италијанскиот заменик премиер Луиџи ди Мајо да не се меша во внатрешната политика на други држави.

“Оваа нова провокација е неприфатливо да се случува меѓу соседни држави и партнери во срцето на Европската унија”, изјави францускиот министер за надворешни работи.

Ди Мајо, лидерот на движењето “Пет ѕвезди”, во вторникот се состана со двајца лидери на антивладиниот протест.

Објави фотографија со лидерите Кристоф Шелонсо и Ингрид Лувевасе, кои ќе ја предводат листата на “Жолтите елеци” на претстојните избори за Европскиот парламет кои ќе се одржат во мај оваа година.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.