(Фото галерија) ОВР Прилеп преку отворен ден се вклучи во одбележувањето на Денот на македонската полиција

Полициската станица во Прилеп и оваа година, традиционално, заедно со граѓаните го одбележа Денот на македонската полиција – 7 Мај. По тој повод, денеска голем број ученици со нивните наставници ја посетија полициската станица каде полициски службеници им ја презентираа техниката и средствата со кои располага МВР.

Учениците имаа прилика одблиску да се запознаат со начинот на работа на полициските службеници, да слушнат корисни совети и да научат многу работи за функционирањето на различните полициски единици, за разоткривањето и превенцијата на кривични дела и за одржување на безбедноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.