Коритото на Река Дабничка во Прилеп е извор на нечистотија, зараза, а во последно време и на влекачи и инсекти, а тоа најдобро на своја когаж го чувствуваат жителите на најелитната населба во Прилеп – “Типските куќи”.
Велат дворовите ни зовреа од гуштери и смокови, а коритото на реката врие од инсекти, особено комарци… Причината е тоа што коритото долго време не е исчистено, а Комуналец како да заборавил на оваа должност.
Маркукуле во име на граѓаните за овој проблем реагираше и пред неколку месеци, но надлежните на очигледно останаа и глуви и слепи.



























