(Фото галерија) Во Крушево се одржа литија со моштите на Св. Климент Охридски – Прекрасен настан кој зрачеше со љубов и топлина

Во саботата, на 06.08.2022г. во храмот Св. Никола во Крушево се одржа вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После вечерната богослужба, со неговите мошти, се одржа и свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Литијата започна од храмот Св. Никола и се движеше по главната улица во Крушево, а на крајот моштите беа вратени во храмот.

Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски!

Еден прекрасен настан кој зрачеше со љубов, радост и топлина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.