“Решето”, така со еден збор можат да се опишат уличките во Старата прилепска чаршија, каде мака мачат особено во дождливи денови сите граѓани, а најмногу припадничките на понежниот пол кога носат високи потпетици.
Општината и ЈКП Комуналец санираа дел од оштетените плочки на 2-3 локации, но дуќанџиите реагираат, не треба крпење, треба целосна промена на дотраените плочки и враќање на некогашниот сјај на чаршијата.
Препорака до сите кои доаѓаат во Прилеп, не носете штикли ако сакате да направите обиколка низ Старата чаршија, ќе останете и без штикли, а богами и без здрави глуждови.



























