Една порака. Еден повик. Еден клик…
Понекогаш, токму толку е потребно за некој да се обиде да дојде до вашите лични податоци. А кога лажните пораки стануваат сè поубедливи, дури и оние што мислат дека лесно препознаваат измама можат да се најдат во непријатна ситуација.
Затоа, финансиската писменост во 2026 година не значи само да внимавате каде трошите, туку и да знаете како да ги заштитите своите лични податоци. Важно е да знаете кому ги доверувате вашите информации, како ги користите финансиските услуги и кои чекори можете да ги преземете за да бидете побезбедни.
Еве на што треба да внимавате:
1. Пријавете ја загубата на Вашата лична карта навреме.
Брзата реакција помага навреме да се преземат потребните чекори за заштита.
2. Не откривајте информации за Вашите сметки и лозинки.
Не споделувајте кориснички податоци, лозинки и кодови преку пораки, повици или непроверени страници.
3. Внимателно споделувајте ги Вашите лични податоци.
Споделувајте лични податоци само кога е јасно кој ги бара и за која намена.
4. Информирајте се за Вашите права.
Пред да користите финансиска услуга, информирајте се за условите, постапките и Вашите права.
5. Внимавајте каде ја приложувате Вашата лична карта.
Проверете кому и зошто ја доставувате личната карта пред да ја приложите.
6. Ажурирајте ги Вашите личниподатоци навреме.
Точните и ажурирани податоци помагаат за побезбедна и поедноставна комуникација.
7. Внимавајте на „фишинг“, лажни пораки и измами креирани со помош на AI.
Не верувајте на сè што изгледа реално – проверете преку официјален канал.
8. Користете силни лозинки и двојна автентикација (2FA).
Комбинација од силна лозинка и 2FA додава дополнителна заштита на Вашите сметки.
Минт Кредит (ФД Минт СН) – Заштитата на вашите податоци е наша заедничка одговорност!
Бидете информирани, внимателни и побезбедни секој ден.
























