“Финална анкета за кандидат за пратеник од СДСМ Прилеп”

Во пресрет на предизборните кампањи за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, низ чаршијата во Прилеп започнаа да се слушаат муабети за тоа со кои пратеници за Прилеп треба да истрчаат на листите политичките партии.

Партиите прават калкулации и мерат рејтинзи, а граѓаните зборуваат.

Пред извесно време преку нашиот портал спроведовме анкета за тоа кои луѓе од СДСМ како владеачка партија треба да се најдат на пратеничката листа за четвртата изборна единица.

Меѓу понудените кандидати ги ставивме актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и Претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, потоа раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, Зоран Пачешкоски, раководителот на Фондот за здравство во Прилеп, Кристијан Пиличев и екс секретарот на ОО СДСМ Прилеп и советник во Советот на општината, Никола Багески.

Според резултатите кои ги добивме за четворицата кандидати, во изминатите 3 дена гласале 1573 наши читатели.

Прв изби Никола Багески, кој на анкетата доби 491 гласови, на второ место беше Зоран Пачешкоски со добиени 432 гласа, на трето место се најде Миле Талески со добиени 349 гласа и четврти беше Кристијан Пиличев со освоени 301 гласови.

Сепак, колку овие бројки го одразуваат вистинското расположение кај граѓаните и пред се вистинската доверба на партиските органи во нив, ќе видиме идната година пред изборите кога партиите ќе излезат со официјални кандидати за пратеници.

Во наредната анкета ќе ги ставиме првите двајца кандидати на претходната, како и името на актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.