Фатени шестмина битолчани како играат комар

На 06.09.2023 на ул.„Лазо Трповски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Б.И.(58), Б.С.(60), А.Д.(55), П.В.(69), С.И.(50) и С.С.(38), сите од Битола.

Тие биле затекнати како на јавно место играат комар. Од нив биле одземени пари и други предмети поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.