Времето денеска во целата земја e претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни со грмежи во форма на невреме.
Максималните дневни температури се движат од 4 до 15 степени.
Според најавата од УХМР и утре не чека слично време, а промена доаѓа дури во среда, за кога се очекува сонце.
Сепак, сончевото време нема да се задржи долго, па така од петок доаѓа нов влажен бран.