Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојдарн, а еве какво време не очекува

Утрово најстудено е во Берово, -11 степени, а максимални нула се измерени во Дојран.

Според УХМР, -9 е во Скопје Петровец и Крива Паланка, -8 во Демир Капија, Маврови Анови и Куманово, -7 во Штип, Тетово, Битола, Струмица и Скопје Зајчев Рид, -6 во Прилеп, Дебар и Лазарополе, -4 Охрид, Крушево и Гевгелија, а -3 е во Претор.

Висината на снежната покривка е 11 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.