Под мотото “Здравата храна е извор на здрав живот”, утре, 16.10.2026год., со почеток од 11:30часот во училишниот двор на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп, ќе се одржи традиционалниот есенски панаѓур.
Целта на настанот е да се развие свеста кај учениците за значењето на здравата храна и здравите навики за правилен раст и развој.
Сите одделенија ќе бидат активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови, каде ќе има изложено разновидни видови на здрава храна, како: овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно.
Да ги поддржиме дечките со наше присуство на настанот! Дојдете и купете нешто за дома или подарете нешто здраво и свежо на некој близок.

























