Услови за снег идниот месец – каква зима не чека оваа година

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, тогаш не чека блага зима со релативно малку снег, ако и тој воопшто падне.

AccuWeather предвидува дека првиот снег во Скопје може да се очекува на почетокот на наредниот месец но без некој посилен интензитет.

Услови за снежни врнежи според истите прогнози ќе се создадат во втората половина од декемри но најавите се дека новогодишната ноќ нема да биде студена и наместо снег, ќе врне дожд.

Високите температури кои што не следат од почетокот на есента како да најавуваат дека натпросечно топло време ќе имаме и во текот на целата зима.

Прогнозите велат дека до крајот на ноември нема да има утрински температури во минус по котлините а дневните само во последната недела од месецов ќе се спуштат под 10 степени.

Во споредба со повеќегодишниот просек, тоа е за околу 2 степени потопло.

Веќе во декември најавите се дека ќе се вратиме околу просечната повеќегодишна температура. Со почетокот на последниот месец во годината се очекува и првиот мраз во градовите. Во текот на целиот декември ќе имаме студени утра со температури од минус 5 до минус 10 степени, а дневните ќе се искачуваат само до 2 или 3 степени над нулата.
Студ не се очекува да донесе ниту јануари. На стартот од наредната година се очекуваат врнежи од дожд и температури кои кон средината на јануари наутро ќе се спуштаат до минус 5 а во текот на денот околу нула степени.

Метеоролозите велат дека е многу тешко да се направи прецизна прогноза на долг рок, но ваквите предвидувања можат да дадат насока за тоа какви услови не очекуваат.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.