“Удри бриге на весеље”: Хармоникаш поставен за директор на РЕК Битола

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј.

Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, човек кој што е поставен како вработен во РЕК Битола пред 2-3 год.

Пред неколку месеци Матевски е поставен за директор на Термоелектраната во кој период се случија и најголемите хаварии и дебакли. Претходно истиот Матевски работел како продавач на мастики Airwaves по продавниците низ Битола.

Несомнено, ова е уште повеќе деградирачки за РЕК Битола со фактот дека Пеце им своја група со која свири по свадби. Денес во РЕК Битола луѓето се исмејуваат со назначувањето на новиот директор и не им се верува дека покрај сите компетентни луѓе за таква позиција Управниот одбор се одлучил за Пеце да стане директор на РЕК.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.