“Три недели ни ал, ни абер! Граѓаните мака мачат дома да си влезат, а општинарите на одмор?!” (ФОТО)

До нашата редакција пристигна реакција на граѓани од улицата “Кеј 4-ти Jули”, каде се изведуваат градежни активности за поставување на нов асфалт.

Работата која започна пред повеќе од еден месец, општинарите им ја оставиле несработена на граѓаните, кои мака мачат со вировите и не можат да си влезат во своите домови – стои во реакцијата од граѓаните.

Тие велат дека веќе три недели нема никој цапнато и започнато со работа и според она што го дознале, општинската администрација е на колективен одмор?!