Уште само 24 часа нè делат од најголемата кафанска забава ова лето во Македонија! Во петок, 24 јули, ракометното игралиште во Битола ќе биде местото каде ќе се создаваат спомени за кои долго ќе се зборува.
Тијана еМ, една од најатрактивните и најхаризматични регионални пејачки, покрај својот моќен вокал, плени со својот впечатлив сценски настап, енергија и гламурозен изглед кој никого не остава рамнодушен.
А кога на сцена ќе се појави Џани, следува вистинска експлозија од емоции! Познат како кралот на кафаната, тој со своите безвременски хитови, неверојатната комуникација со публиката и атмосферата што ја создава, секој концерт го претвора во незаборавна ноќ на песна, игра и славење.
Последните влезници се во продажба! Не чекајте последен момент – резервирајте си место за најлудата летна забава!
24 јули (петок)
Ракометно игралиште – Битола
Почеток: 20:00 часот
Влезници на: kupikarta.com,
Во Dimpo Tobacco – Битола и Brothers Tobacco – Битола
Резервации на телефонските броеви: 078 225 382 | 076 942 600
Подгответе се за вечер исполнета со најголемите хитови, врвна атмосфера и забава која ќе се памети!























