Тим од шест средношколци од Прилеп – Глигор, Софија, Марио, Галина, Марин и Леона кои ја претставуваат Гимназијата „Мирче Ацев“, постигна значаен успех на стартап-натпреварот организиран од Brainster. Со својата стартап-идеја TenderlyAI, тимот се пласираше меѓу најдобрите 141 идеја од повеќе од 600 пристигнати пријави.
TenderlyAI е платформа базирана на вештачка интелигенција, наменета да им помогне на компаниите полесно да пронаоѓаат и анализираат јавни тендери. Преку анализа на тендерските услови, платформата ќе проценува колку одредена компанија одговара на барањата и ќе ги посочува потенцијалните ризици при аплицирањето.
Идејата на тимот е да го поедностави процесот на учество во јавни набавки, да заштеди време и да им помогне на компаниите да носат подобри и поинформирани деловни одлуки.
Овој успех претставува значајно признание за младите иноватори од Прилеп и нивната гимназија, но и поттик за понатамошно развивање на идејата. Тимот со својот пример покажува дека младите можат да бидат носители на иновации и да создаваат технолошки решенија за реални предизвици.
Како да гласате за тимот од прилепската гимназија?
1.Отворете го линкот за гласање.
2.Притиснете го копчето „Гласај“.
3.Најавете се за да го потврдите вашиот глас.
ЛИНК ЗА ГЛАСАЊЕ:
























