Техничкиот факултет во Битола прослави 65 години постоење (Фото галерија)

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денес присуствуваше на јубилејната прослава 65 години од основањето на Техничкиот факултет Битола при универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Шест и пол децении техничкиот факултет е столб на техничката мисла, едукацијата и науката. На свеченоста се обратија ректорот на универзитетот проф. д-р Игор Неделковски, деканот на факултетот проф. д-р Митко Костов, а свое
обраќање имаше и градоначалникот Тони Коњановски.

„Овој јубилеј е заеднички успех на сите генерации студенти, професори и деловни партнери кои помогнаа во градењето на современиот инженерски кадар, а соработката со Oпштина Битола е на високо ниво и со техничкиот факултет и воопшто со Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

И во оваа прилика сакам да ја истакнам една од работите со која бевме пионери во Македонија, а тоа е универзитетската летна пракса која студенти од факултетите на битолскиот универзитет во текот на летните месеци ја спроведуваат во Oпштина Битола и нашите јавни претпријатија, а потоа овој пример го следеа и други градови“ истакна градоначалникот на Битола.

Градоначалникот им го честиташе големиот јубилеј и им посака успешни академски години, како на студентите така и на наставниот кадар и сите вработени на високообразовните институции.

„Битола е горда со науката која шест и пол децении го гради нашето општество“, рече градоначалникот Коњановски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.