Стевананџија: “Ова не е вистинската СДСМ, го уништија образованието, а друго ветуваа” (Видео)

На денешната седница на Собранието како една од 54 точки беше и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, потсети на периодот од 2016 година, кога тогашниот предлог за формирање на нов универзитет “Дамјан Груев” беше жестоко напаѓан од пратениците на СДСМ, а комисиските расправи траеја до доцна во ноќта.

Според Стевананџија, СДСМ игра на картата на политиканство и двојни аршини.

“Нема социјална категорија, целна група со која не се скаравте и не ја пониживте. Од доктори, од професори, од академски професори, од вработени во граднки со сите направивте тотален масакр. Наместо денеска да дискутираме и да дознаеме до каде е изградбата на новата зграда на факултетот за ФИНКИ, на новата зграда на Факултетот за физичка култура, ние овдека се расправаме за задоволување на лично его со кое што затвораме 5 факултети на Универзитетот “Св. Апостол Павле” и воведуваме 5 нови. Значи од празно во шупливо претураме. Затоа се сите револтирани, што прават овие луѓе. Следна точка на дневен ред е Законот за учебници во основно образование, февруари месец дојде нема учебници”, истакна пратеникот Стевананџија.

Целата дискусија погледнете ја во продолжение:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.