(Видео) Макрон се налути, започна да ги брка израелските полицајци од црквата во Ерусалим

Францускиот претседател Емануел Макрон ги избрка припаднците на израелската полиција од црквата Света Ана во стариот дел на Ерусалим, која по меѓународните правила е француска територија.

На снимката од инцидентот може да се види лутиот Макрон кој повикуван на почитување на правилата.

-Сите совршено добро ги знаеме правилата. Се ми се допаѓа тоа што го направивте пред мене. Излегувајте надвор- рече Макрон, но остана нејасно што ја предизвика неговата остра реакција.

На снимката се гледа како Макрон им се обраќа на припадниците на израелската полиција, најпрво им вика дека одлично ја завршиле работата во градот и ги замоли да ги почитуваат правилата кои постојат со векови. Француските медиуми претпоставуваат дека францускиот претседател се налутил поради влегувањето на израелските безбедносни сили во црквата.

Сличен инцидент се случи во 1996 година кога тогашниот претседател на Франција Жак Ширак бараше израелските безбедносни сили да излезат од црквата Света Ана.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.