Стара црква одново ќе го добие стариот автентичен лик: Храмот ќе биде ист како во 1838 година

Црквата Свето Благовештение во Прилеп или кај народот позната како Стара Црква го враќа стариот автентичниот лик на фасадата кој потекнува од 1838, односно од времето кога истата е и изградена. Во моментов надворешниот дел на црквата беше покриен со бела боја и малтер кој ја криеше уникатанта архитектура и стил на градба на црквата каков што имале православните храмови на овие простори уште во 16 и 17 век – oбјави “Инфо Компас”.

„Црквата претставува навистина едно уникатно ремек дело, како по својата градба така и по својата внатрешност, односно иконостасот кој е стар скоро 180 години и иконите кои се наоѓаат на него. Со наши средства од црквата сега го враќаме автентичниот надворешен изглед, а додека претходно исто со средства од црквата беше вратен внатрешниот оригинален изглед на ѕидовите во храмот. Иисто така комплетно беше променет и подот со гранитни плочки кои се вклопуваат во целиот ентериер на храмот“, истакна Илчо Смилески, старешина на црквата Свето Благовештение за порталот.

Целиот прилог погледнете го ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.