Среде бел ден скопјани направија “партал” во Прилеп: Казнети 72 возачи

Вчера (23.09.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 72 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 5 возачи под дејство на алкохол, 5 возачи кои управуваат моторцикли без заштитен шлем, 2 возачи кои управуваат моторни возила со несоодветна категорија дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 4 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 2 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 1 возач кој што врши јавен превоз на патници а притоа не поседува валидно лекарско уверение.

Изготвено е и 1 барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.