Со пapи од Јапонската амбасада, реновиpaно училиштето “Св. Кирил и Методиј” во прилепско Канатларци (Видео)

ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци е целосно реновирано преку Јапонската програма за мали грантови (GGP).

Со проектот се заменети старите и дотраени врати и прозорци со нови, направена е и реконструкција на дренажа како и бојадисана е училишната зграда. Оваа инвестиција чини 57.365 илјади евра.

Амбасадорот Савада Хиронори посочи дека е задоволен од тоа дека ја подобриле животната средина за учење во ова основно училиште која како објект ќе послужи не само за сегашните туку и за идните генерациии.

Исто така посочи дека заедно со градоначалникот Борче Јовчески оствариле позитивна дискусија за тоа дека изградиле одлични врски и пријателство како и можности за идна соработка во повеќе свери.

Градоначалникот Борче Јовчески се заблагодари на амбасадорот на Јапонија во Македонија Н.Е. Г-дин Савада Хиронори за денешната посета, посочувајќи дека на денешна средба разговарале за реализација на голем број проекти и продлабочување на соработката со амбасадата на Јапонија.

Исто така посочи дека, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци преку проектот за подобрување на училишната средина во основните училишта успешно се реновира ова училиште со замена на врати, прозорци и дренажа околу училиштето.

Оваа практика за подобрување на условите во училиштата ќе продолжи и понатаму се со цел да обезбедиме подобри услови за настава и квалитетно образование.

Ова е втор проект кој е реализиран во Општина Прилеп од страна на Јапонската амбасада.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.