Соколески ќе го сподели своето искуство на 13-тиот “Интернационален ракометен голмански камп” во Хрватска

Ракометниот камп ќе се одржи од 26 до 30 јуни во Омис, Хрватска.

– За прв пат со нас, на 13-тиот Интернационален ракометен голмански камп ќе биде и тренерот на голманите на РК Еурофарм Пелистер и тренерот на голманите во Македонската ракометна репрезентација, известуваат од кампот.

Овој елитен ракометен настан, кој е добро познат во ракоментиот свет, се одржува секоја година во истиот период. Ракометниот камп видел имиња како Андреас Волф, Мирко Алиловиќ, Винсент Жерар, а оваа година чест да се запише на оваа листа ќе има и Ице Соколески.

Прилепчанецот кој неслучајно е повикан да биде дел од тимот на тренери, ќе има можност со младите ракометари да го сподели своето богато ракометно знаење и искуство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.