Скандал: “Прилепско поле” не знаат колку вработени имаaт? Неофицијално 14 нововработени не одат на работа, а земаат плата?”

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп упатиле прашање до подружницата “Прилепско поле” при АД Водостопанство, за тоа колку нови вработувања има во претпријатието и колку изнесува вкупниот број на вработени.

Барањето за информации од јавен интерес следуваше откако според нивните сознанија дури 14 лица биле вработени, земале плата, а не оделе на работа?

Чудно, но од подружницата “Прилепско поле” или кај граѓаните познато како “Стерна”, добиле одговор дека тие не располагаат со такви информации и дека сите податоци се во архивата на дирекцијата за Водостопанство.

Се поставува прашањето како во подржницата “Прилепско поле” водат сметка кои вработени ќе се појават на работа, ако не знаат колку луѓе имаат вработени?

Како ги прават пресметките за плата на вработените, а не знаат за колку лица треба да подготват декларации?


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.