СДС ќе ви иделе по куќи, треба ли да му се отвори врата?

Социјалдемократскиот сојуз најавува интензивни теренски активности меѓу граѓаните.

„Продолжуваме понатаму. И оваа година не застануваме туку засилено ќе бидеме присутни на теренот, постојано, со граѓаните, со членовите, симпатизерите, поддржувачите. Со нивните барања, проблеми, очекувања“, се вели во објавата на СДСМ на социјалните мрежи.

„Во секоја уличка, во секоја македонска куќа, село, град, во секое населено место, како што ветивме. СДСМ води грижа за сите, обединува, интегрира и води напред. Со цврста верба, лична пожртвуваност и вистинска солидарност“, најавуваат од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.