Саниран огромен дефект, еве кога ќе дојде вода

ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп Ве известува дека заврши со санација на дефектот на водоводната линија ф400 на ул. Тризла преку која се снабдува високата зона на градот и тоа на потег од ул.„Ердован Шабаноски“, нас.„Марино Маало“, нас.„Кузман“, нас.„Рид“ и нас.„Тапани“.

-Моментално се врши регулирање на водоснабдувањето во градот и истото ќе биде вратено во нормала во текот на попладневните часови. Локацијата на дефектот и понатаму ќе биде обезбедена со соодветна сигнализација за безбедноста на граѓаните – се вели во соопштението од ЈКП Водовод и канализација.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.