Родителите на малата Бисера од Прилеп со АПЕЛ до властите и Филипче: Нивното бебе со сите сили со бори во Скопје (Видео)

Aлександра и Оливер Ристески од Прилеп се млади родители кои изминатите 6 месеци се борат за животот на своето бебенце Бисера.

Пред еден месец Александра објави видео со своето бебенце и напиша:

“Еве ја мојата БИСЕРА! Моето “ТЕШKO БOЛHO” бебенце со свои ТРИ килограми кое преживea вapичела во утpoбата, еднаш зocтер, два пати зocтер.. Кое поради виpyc и бактepиja е симнато на интензивна и ставено на апapaти на кои не беше кога се роди.. Извадено од апapaти и продолжува да се бopи со низа пpoблеми.. Моментално со две бактepии и два виpycи, интpaxocпитални.. ОВА бебенце се бopи како лyдо да пpeживee.. А некој се запнал да докажува дека јас како мајка не прифаќам дека бебето ми е болно. Абе овие пет месеци седам и гледам секакви Чуда и мизepии бе.. Гледам како ме одминуваат и чекаат повторно бебето да западни за да реагираат? Простете, Известени сте сите.. Ќе биди и СВЕТОТ ИЗВЕСТЕН, бидејќи нели моето бебе е ЕДНО НА ИЛЈАДА ВО СВЕТОТ. На моето бебе му треба нега и таа нега ќе му ја ОВОЗМОЖАМ. Не ми е дозволено да барам второ мислење алооо.. Некој ми ги затвора вратите.. Ама господ ИМА, А ТОА НЕ СТЕ ВИЕ! СЕ МОЛИ СЕКОЈ ШТО ИМА БИЛО КАКВИ КОНТАКТИ ДА МИ ПОМОГНИ ДА НАЈДАМ СООДВЕТНА НЕГА ЗА МОЕТО БЕБЕ И ТОА ВО КЛИНИКИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА. САКАМ ВТОРО МИСЛЕЊЕ И ЌЕ ГО ДОБИЈАМ!!СПОДЕЛЕТЕ!”

Денеска двајцата млади родители од Прилеп со нов апел до надлежните и министерот Филипче, за Бисера да добие соодветен третман на Универзитетската за Детски болести.

“После толку време молење, три недели да ги молам да преземат нешто, видете како диши бебето, како се бори. Сега ќе ја симнуваат на интензивна нега. Докторка Ана вели дека ова било нормално да се случи кај бебето и дека тие знаеле дека тоа ќе се случи.

Нека види министерот, нека види Заев каква е состојбата на бебето после толку време молење. 10 доктори кажаа дека бебето требало да се изнеси надвор, а за докторката овде не требало и еве ја состојбата сега, вели таткото на малата Бисера за кого е пратено дури и обезбедување да биде избркан надвор од болницата”, велат родителите од Прилеп во новото видео.

Видеото кое е трогателно можете да го погледнете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.