Билјана ги опиша симптомите на “корона”: “Како да вдишувам сув песок”

Српскиот драматург Билјана Срблјановиќ на својот Фејсбук профил објави дека е заразена од вирусот Ковид-19 и дека се наоѓа во карантин во својот стан, каде што ја зема и терапијата.

“Драги пријатели и непознати исплашени луѓе, многу ми пишуваат и прашуваат кои се симптомите, прашуваат за совет и мислење, кои ги немам и не смеам да ги давам.

Уште еднаш ќе ви ги кажам моите симптоми: со недели кашлав многу лошо, до давење – но јас имам сезонска кашлица, бидејќи сум алергична на кучешки влакна, иако имам три кучиња. И бидејќи пушам цигари, веќе три години.

На вечер не можев да спијам последниве 2 недели, бидејќи кога ќе си легнев, кашлицата ме гушеше, па имав параноја, мислев дека имам корона, па несоница и омалаксаност, па и тоа мислев дека е корона- и така во круг.

Деветтиот ден од заразувањето со вирусот (имав среќа што знаев кога и како се заразив), одеднаш симптомите започнаа да се менуваат: некоја магла во главата, неповрзани мисли, немав сила ниту да седам, не можам да пронајдам збор и постојано ми се спиеше. Tемпературата се движеше до 37.5 и паѓаше по 37, но чувството остана исто, не можев да вдишам- не онака како кога ќе се закашлаш, па се гушиш, туку, буквално како “цевките” да се затнати и воздухот не сака да влезе и тоа е тоа. Како некој топол сув песок да дишеш, не знам како поразлично да го објаснам”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.