Родените на овој датум се најсреќни: Проверете дали тоа е вашиот роденден!

thinkstockphotos-511582534620x0-77297-800x306

Генерално зборувајќи, луѓето родени за време на летните месеци се многу повеќе позитивни од останатите.
Во истражување учествувале 2.000 луѓе за да се дознае на која дата е најсреќниот роденден. А, тој ден е 28 јули!
Истражувајќи за сајтот „Interflora.co.uk“ ги прашувале луѓето како се чуствуваат на својот роденден и согласно со одговорите донеле одредени заклучоци.
Критериуми: топло време, лето и близината на платата.
Дури 60% од родените во јуни се среќни за својот роденден, 59% родените во јули и 53% во август.
28 јули одбран е според следните критериуми: На тој ден обично е сончево времето, блиску е до исплата на платата и лето е.
Сосема очекувано, зимските родендени се најдепресивни, особено оние на 16-ти декември, а тоа е така поради студеното време и близината на Божиќ за кој третина од испитаниците кажуваат дека им ја засенува роденденската прослава.

Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.