Рикалоски продолжува со успеси: Освоен “Телеком Мастерс” турнирот за јуниори (ФОТО)

Првиот Телеком мастерс бодовен турнир за јуниори организиран од Пингпонгарската Федерација на Македонија и Пинг-понгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп, се одржа во неделата на 04.Ноември во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Пингпонгарите на ППК “Младост96” заедно со уште 12 клубови зедоа учество на овој турнир, a највисокото место беше резервирано за членот на клубот Александар Рикалоски.

Убедливо Рикалоски стигна до првото место со само два загубени сетови. Имено рангиран како прв носител, во групата имаше две победи со 3-0, во осминафинале 3-0 против клубскиот Давид Богданоски, во четвртфинале 3-1 против Е.Бељур од Напредок -Скопје.

Во полуфиналето 4-0 против играчот на Студент-Скопје Иво Мартиновски, и во финалето против Дамјан Стојчев од ППК Шампион Ф.А.,со убедливи 4-1.

Трет беше Леонид Гошев од Виница. Ова е показател дека ППК Младост96 продолжува со успесите во младинските категории.

Покрај Рикалоски од ППК Младост96, забележителен успех постигнаа со пласман во осминафинале Иван Танески и Давид Богданоски, додека Лука Огненоски, Лука Ѓорѓиоски и Димитар Мијајлески, не успеаа да ги поминат групите.

Во женска конкуренција играше и Камелија Стојческа, која исто така не успеа во групата. Да напомениме дека овие деца се пионери и резултати од нив ќе се очекуваат за неколку години.

Имено Александар Рикалоски заедно со Петар Костовски и Андреј Лашкоски, со тренерот Гоце Тошески, наредниот викенд ќе учествуваат на силниот турнир во Ниш “Андро куп”, каде покрај во најсилната конкуренција, Рикалоски ќе игра и за У-18.

Лигата продолжува на 25.11 во Прилеп, каде ППК Младост96 во последното есенско коло игра со УГД-Штип и се очекува убедлива и сигурна победа.

Се очекува на крајот од есенскиот дел клубот да се искачи на второто место, а во пролетниот дел да разигрува и за освојување на шампионската титула.