Рекорд: 77 годишен старец од Радовиш падна за изнуда и лихварство

Старец од Радовиш вршел изнуда и собирал пари од лихва на 77 години

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Д.К.(62) и Т.Ј.(77), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

Во текот на 2017 и 2018 година, првопријавениот му дал заем од 500 евра на С.П. од село Ораовица и на неговата невенчана сопруга Н.П..

После тоа, тие покрај основиот долг, во повеќе наврати, му исплатиле дополнителен износ од 21.000 денари. Исто така, второпријавениот му дал заем од 50.000 денари на С.П., а тој за седум дена, покрај основниот долг, му исплатил дополнителен износ од 5.000 денари.

После тоа, на 03.06.2018 околу 18.00 часот во домот на С.П. во село Ораовица, пријавените го принудиле да потпише изјава за долг од дополнителни 975 евра.

Потоа, двајцата континуирано му барале исплата на наведената сума, со месечна камата од 10 % .