Редуциран железничкиот сообраќај: Ова е новиот возен ред

Воведувањето на зaбраната за движење на граѓаните во ноќните часови прeдизвика промени во железничкиот возен ред, соопштија денеска од Железници на Република Македонија.

Од Железници информираат дека ќе сообраќаат возовите на релација Велес – Скопје – Табановце – Скопје – Велес, и тоа возот 600 со поаѓање по возен ред од Скопје и возот 601 со поаѓање по возен ред од Табановце. За релација Велес – Скопје – Велес ќе сообраќаат возовите 2080/2081/2082 – по возниот ред, а на релација Скопје – Гевгелија – Скопје ќе сообраќа возот 611 со поаѓање од Скопје во 06:57 часот (со задоцнување +34 мин.), и возот број 632 со поаѓање од Гевгелија по возниот ред.

На релацијата Скопје – Табановце – Скопје ќе сообраќа возот 2022 со поаѓање од станицата во Скопје по возниот ред, и возот 2023 со поаѓање од Табановце по возниот ред. На релација Скопје – Кочани – Скопје ќе сообраќа возот 651 по возен ред, и возот 642 до Велес.

На релација Скопје – Битола – Скопје ќе сообраќа возот 642 од Велес со поаѓање во 16.50 часот – со задоцнување 86 минути. Возот 645 со поаѓање од Скопје во 19.15 часот – предвреме, ќе сообраќа до Велес и возот 640 од Велес со поаѓање во 06.45 часот – со задоцнување 60 минути.

На релација Скопје – Кичево – Скопје ќе сообраќа возот 660 со поаѓање од станицата во Скопје по возен ред, и возот 661 со поаѓање од станицата во Кичево во 06.30 часот – со задоцнување 60 минути.

Од Железници на Република Македонија ги наведоа возовите кои нема да сообраќаат, и тоа возот 600 на релација Велес-Скопје, возот 2083 на релација Скопје – Велес – Скопје, возовите 2020, 2024 и 2025 на релација Скопје – Табановце – Скопје, возот 611 на релација Табановце – Скопје со релација Табановце – Скопје – Гевгелија, возовите 631 и 630 на релација Скопје – Гевгелија – Скопје,

– На релација Скопје – Битола – Скопје изостануваат возовите 641, 643 и возот 644, возот 640 и возот 642 изостануваат на релација Битола – Велес, возот 645 изостанува на релација Велес – Битола. На релација Скопје – Кочани – Скопје изостанува возот 650, а возот 651 изостанува на релација Велес – Кочани, соопштија од Железници.

Во согласност со новите мерки кои стапија во cила, од Железници информираат дека го планираат возниот персонал и возните средства согласно овој план, додека преку соопштение на патничките благајни и службата за информации ке ги извести корисниците на превоз за новонастанатите измени.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.