Рамос продолжува да прави гревови на теренот: Му го скрши носот на играч од Плзен и не доби казна (ВИДЕО)

 

Серхио Рамос можеби е еден од најдобрите одбранбени фудбалери, но во исто време е и од оние играчи кои не бираат начин да го запрат противникот.

Имено, на стартот на вчерашниот меч во Плзен, односно во 14. минута, при еден дуел капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос со својот лакт го закачи во носот Михаел Хавел, кој потоа побара и лекарска помош, но за среќа по домаќините го продолжи натпреварот.

Шпанецот на крајот мина без казна, а очигледно беше дека заслужи најмалку жолт картон.