Радосна вест во домот на Милошоски: Денеска стана татко по петти пат (Фото)

Антонио Милошоски на својот Фејсбук објави радосна вест за неговото семејство. На свет дојде неговото петто дете, Филип.

“Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските. Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!”
– напиша Молошоски на Фејсбук.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.