Пocoлени и повкycни од компиp: Kpцкав чипc од тиквички кој ќе ги замени сите гpицки

Ќе бидете изненадени колку е едноставно! Ако обожавате вкус на тиквички и сакате да пробате различни јадења од овој зеленчук, едноставно не смеете да го пропуштите чипсот подготвен на овој начин.

Состојки:

2 тиквички
100 грама брашно
маслиново масло
сол, вегета, оригано

Подготовка:

Не мора да ги лупите младите тиквички, а ако купивте нешто постаро, тогаш задолжително излупете ги, потоа исечете ги на тенки парчиња, додајте сол и оставете барем половина час да истече водата од нив.

Во чиста голема вреќа за замрзнувач или обична пластична кеса од продавницата, истурете брашно, сол по желба, вегета и оригано, а потоа додадете исецкани прстени од тиквички и врзете јазол. Потоа добро протресете ја кесата за да дозволите влажните тиквички да ги соберат зачините.

Загрејте го маслото во подлабока тава, а покрај него ставете тенџере со ладна вода. Потопете една ролна одеднаш – прво во вода, а потоа оставете ја водата да исцеди малку, па натопете ја во масло и пржете многу кратко. Маслото не треба да прска повеќе од нормалното пржење, но имајте го при рака капакот на тавата.

Послужете со кисела павлака или кечап, идеално со таратур.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.